вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Посакувам од овој проект да има успешни биолози, хемичари, музички виртуози, научници… гордот на Македонија

Мицевски: Посакувам од овој проект да има успешни биолози, хемичари, музички виртуози, научници… гордот на Македонија

Центарот за развој на Скопски плански регион, е горд на спектарот на проекти со кои оваа година ги реализираме и покажавме дека мислиме на сите. Покрај социјално-инклузивните, инфраструктурните, еколошките проекти, од големо значење е инвестицијата во талентираните деца кои се нашата иднина и на кои треба да им обезбедиме услови за напредок и развој за да и возвратат со интелект, вештини и просперитет на нашата земја, за да ги задржиме во Македонија да не се одлеат како кадрова сила, туку да ги мотивираме да станат движечка општествена сила, која е рамо до рамо со светските таленти, напиша на Фејсбук Јане Мицевски.

-Овој проект освен што е иновативен, има регионален карактер бидејќи обединува три општини, Центар, Кисела Вода и Карпош, истовремено е и инклузивен затоа што талентирани се е и децата од социјално загрозени семејства кои треба да имаат рамноправна шанса за надградба, стимул и развој на својот талент.

Проектот е спроведен преку програмата за рамномерен регионален развој БРР/МЛС, а неговата реализација се одвиваше во три фази:

– Изработена е проектна документација
– Направена е целосна реконструкција на објектот
– Набавена стока за опрема на кабинети

Вкупната вредност на проектот за трите фази изнесува 5.526.318 мкд. Од кои со сопствено учество учествуваат трите општини партнери во проектот (Центар, Карпош и К.Вода) во вкупен износ од 600.000,00 мкд (по 200.000,00 мкд од општина), истакна Мицевски.

Мицевски потенцираше дека опремени се кабинети по следните наставни предмети: биологија, хемија, уметност, музичко, физика со висококвалитетна опрема и канцелариски материјали. Општа цел на овој проект е подобрување на квалитетот на образованието преку поддршка на талентираните деца за да го достигнат својот потенцијал на едукативно и социјално ниво преку обезбедување релевантни и интересни предизвици засновани на способност и интерес на учениците.

Посакуваме успешни генерации на идни врвни биолози, хемичари, музички виртуози, научници, да бидат гордост на Република Македонија, додава Мицевски.

Најнови вести