Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека буџетот моментално ни е дупка без дно.
„Одговорно тврдам дека буџетот моментално ни е дупка без дно. Ја имаме нарушено фискалната одржливост. Тоа економистите добро го знаат што значи“, вели Кадиевска Војновиќ.