Вкупно 990 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. се доставени до денеска во 13 часот преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија.
Од нив, 965 пријави се прифатени, 23 се одбиени, а останатите се во обработка.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 83, во Лондон – 77, во Торонто – 60, Љубљана – 62, Виена – 57 и Канбера – 42.
Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, се наведува во сопштението на ДИК, заклучно со вчерашниот ден вкупно 2.179 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 337, Струмица – 200, во Радовиш – 140 и во Прилеп – 129. (МИА)