вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Летна крводарителска акција во Куманово

Летна крводарителска акција во Куманово

Вкупно 32 крвни единици се собрани на денешната вонредна летна крводарителска акција што се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Организатори на акцијата се Црвениот крст и Службата за трансфузиона медицина. Вонредните крводарителски акции се организираат согласно планот кој го изработуваат Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст.

Во Куманово во текот на летото се организираат три вонредни крводарителски акции. Според очекувањата и праксата од изминатите години, на вонредните крводарителски акции бројот на крводарувањата се движи меѓу 35 и 40 крвни единици. Во текот на летото, дел од кумановските редовни и повеќекратни крводарители се јавуваат и на повик на институциите.

На годишно ниво во Куманово се одржуваат 40 крводарителски акции. Според податоците од општинската органзација на Црвениот крст лани биле собрани околу 3.000 крвни единици.

(Миа)