„Според сите истражувања очекувано е дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа. Тоа е според сите релевантни резултати кои што излегуваат“, истакна Владимир Божиновски во гостување во емисија на радио „Лидер“.
Божиновски додаде дека истото се случува како и за локалните избори кога и тогаш истражувањата укажуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство општини. Така и сега сите релевантни истражувања насочуваат кон убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.
„На СДСМ очигледно веќе нивниот наратив не поминува кај граѓаните. Тие веќе имаа и сериозен пад на локалните избори. Пад кој што според сите релевантни истражувања продолжува и до ден денес“, појасни Божиновски.
Тој посочи дека според сите релевантни истражувања на изборите СДСМ не може да се надевa дека ќе направи резултат кој што ќе обезбеди победа. Но исто така СДСМ не може да го направи и истиот резултат од локалните избори кој исто така беше поразителен за нив.
Божиновски укажа дека на СДСМ му се случува сериозен пад поради нивните погрешни политики. СДСМ не успева да ги убеди и своите членови да гласаат за нив.