петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски: СДСМ на овие избори ќе изгуби, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде огромна

Божиновски: СДСМ на овие избори ќе изгуби, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде огромна

Во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 гостуваше аналитичарот Владимир Божиновски. Тој истакна дека уставните измени нема да поминат, а СДСМ на овие избори ќе изгуби.

„Ние не говориме дека проблемот е суштински во самата промена на Устав за да се внесат Бугарите во него. Проблемот е да се добијат одредени колку што е можно гаранции дека нема од кога ќе се смени Уставот следниот ден да си добиеме ново вето од Бугарија, затоа што однесувањето на Бугарија го најавува тоа за жал. Видовме последно беше официјална Софија преку нивниот Амбасадор реагирала за месецот на македонска култура во Мичиген и тоа е повлечено тогаш за какви добрососедски односи зборуваме и што може не да очекуваме за добрата волја од Бугарија кога ја видовме нивната добра волја во изминатите месеци“, рече Божиновски.

Тој додаде дека сега на овие избори ќе изгуби СДСМ, а Уставните измени нема да поминат.

„Барем околу бугарскиот или францускиот предлог ВМРО-ДПМНЕ беа појасни, они предложија одредени гестови на добра волја преку што би се добило некаква сигурност со внесот на Бугарите во Уставот ние да не бидеме блокирани со ново вето следниот ден и тука околу тоа малку појасно. Треба да се излезе чесно затоа што видовме она што говореше Заев пред избори буквално за се излажа“, кажа Божиновски.

Тој посочи дека околу бугарскиот или францускиот предлог ВМРО-ДПМНЕ беа појасни со нивните гестови на добра волја.

„Слушам како некои од власта говорат дека они ќе ги изгубеле изборите но ќе имало концентрациона власт, за каква широка коалиција говориме ако очекувањата се дека разликата ќе биде повеќе од 15 – 20 пратеника“, изјави Божиновски.

Најнови вести