петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Малчески до Сарачини: Треба на граѓаните вистината во целост да им ја кажете, а не само она што вам ви одговара – поради ваша неодговорност сега ќе плаќаме нечии адвокатски трошоци

Малчески до Сарачини: Треба на граѓаните вистината во целост да им ја кажете, а не само она што вам ви одговара – поради ваша неодговорност сега ќе плаќаме нечии адвокатски трошоци

„Мил ми е Сократ, но помила ми е вистина, не може да спомнувате едно дамнешно време, а да го заборавате ова. Не може, истакна Самоил Малчески во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија на Петрит Сарачини покажувајќи му вест каде што пишува „Сашо Мијалков од денеска повеќе не е обвинет за прислушкувањето, делата му застареа, граѓаните ќе треба да му ги платат сите трошоци за адвокати“.

Малчески додаде дека ќе е фер и коректно Сарачини тоа да спомене на граѓаните како сега ќе ги плаќаат трошоците за адвокати на Мијалков.

„Биди коректен сега, разбирам дека си нервозен бидејќи боли вистината. А, ти манипулираш цело време“, нагласи Малчески.

„Говориш за некакви поранешни времиња, бркаш вештерки, а не говориш дека ќе плаќаме нечии адвокатски трошоци“, рече Малчески на Сарачини.

Тој укажа дека сите исклучени од ВМРО-ДПМНЕ отидоа да преговараат со Зоран Заев.

„Треба на граѓаните вистината во целост да им ја кажете, а не само она што вам ви одговара“, нагласи Малчески.

„Опозицијата неколку пати досега се понуди на власта да и помогне, но власта е таа која што е глува и која што останува на нејзините позиции. Последниот пат беше пред една година тие трите тима кои што ВМРО-ДПМНЕ ги понуди на Владата за излез од кризите“, појасни Малчески укажувајќи дека власта не сака да признае дека води погрешни политики и не ја прифаќа понудената рака за помош од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести