петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на ФУЕН

Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на ФУЕН

Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик.

-Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден”-Тирана.

Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција.

Ѓурѓај вели дека  првото издание на германска јазик од оваа брошура, е отпечатено во декември 2019 година.

– Брошурата е на пет јазици, а сега и на македонски јазик и првапат на кирилично писмо. Преводот на брошурата од германски на македонски јазик е на Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на МД „Илинден“ и Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија, посочува тој.

За лектурата и коректурата на македонското издание се погрижија Никола Ѓурѓај и Лизбет Ѓурѓај.

Според Ѓурѓај, работната група на словенските малцинства (АГСМ) ги реализира идејното решение, техничкото обликување и печатењето на Брошурата.

– Воедно, за нас, како Македонци од Република Албанија многу значи, што ова, исклучително важно издание на ФУЕН ќе добие и онлајн верзија која ќе биде достапна до многу поголем број на заинтересирани лица за проблемите и состојбите со националните малцинства во Европа, посочува Ѓурѓај.

МД „Илинден”-Тирана учествува на четиридневниот 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска а кој завршува денеска.

Друштвото „Илинден” член е на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. (МИА)

Најнови вести