петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почивај во мир: Денес Охрид ќе се збогува со поранешниот градоначалник

Почивај во мир: Денес Охрид ќе се збогува со поранешниот градоначалник

На Градските гробишта во Охрид денеска ќе биде погребан поранешниот градоначалник, Никола Матлиески – Пашата.

Матлиески кој почина во саботата на 89 години, го водеше Охрид во периодот од 1996 до 2000 година. Тој беше и успешен стопанственик кој како раководител го издигна охридски „ЕМО“ во стопански гигант на просторите на поранешна Југославија, па и низ светот.

Посмртните останки на Никола Матлиески Пашата ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид од 12 до 12:30 часот.  (МИА)

Најнови вести