петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина академскиот сликар Илија Аџиевски

Почина академскиот сликар Илија Аџиевски

Доајенот на македонската ликовна уметност, Илија Аџиевски почина денеска на 97-годишна возраст.

Аџиевски е роден во Струга во 1926 година. Академија за ликовна уметност завршил во Загреб во 1954 година, во класата на професорот Франо Кршиниќ. Автор е на голем број споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности од јавниот и културниот живот. Учесник е на значајни национални и интернационални изложби.

Погребот е закажан за утре во 14:00 часот, на градските гробишта во Струга.

Најнови вести