При денешната посета на Општина Илинден, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во оваа општина продолжуваат инвестициите.
-Населеното место Кадино добива фудбалско игралиште, детско игралиште, како и нов кров во основното општинско училиште Ристо Крле. Вложувањата во спортот и образованието се приоритет на локалната власт и градоначалникот Александар во општина Илинден. Важно е да имаме нови училишта. Важно е младите да останат во Македонија, објави Мицкоски.