Во име на целата телевизија Канал 5, директорот на телевизијата Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“, во која поранешниот пратеник Исмет Рамадани, обвини дека во емисијата имало етничка дискриминација на Албанците.
Мирчевски му рече на Рамадани дека е крајно неприфатливо и да помисли такво нешто, бидејќи телевизијата е отворена за сите националности, дека Албанците на ниеден начин не биле дискредитирани, а уште помалку дека имало некаква дискриминација.
Видеото погледнете го тука.
Мирчевски побара и од премиерот Димитар Ковачевски, Рамадани да биде разрешен од сите функции и веќе ниту еден денар да не добие од народни пари.