среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Животот на Арета Френклин: Мајка на 13 години, омажена за макро на 19, најдобриот вокал на 20.век

Животот на Арета Френклин: Мајка на 13 години, омажена за макро на 19, најдобриот вокал на 20.век

Том Ленард, дописник на Дејли Меил од Њујорк, напишал не толку розова приказна за неодана починатата Кралица на соул музиката – од срушен дом и татко свештеник швалер, преку бременост на 13 години до светска слава и животна борба со алкохолот и демоните од минатото.

Арета Френклин почина од рак на панкреасот, болест која и била дијагностицирана во 2010 година. Денови претходно таа била хоспитализирана. Иако здравјето со години наназад и било нарушено поради алкохол, цигари и храна, таа дури минатата година објави дека се повлекува од музиката.

Пеела на погребот на Мартин Лутер Кинг во 1968 година, но и на инаугурацијата на Барак Обама, повеќе од 40 години подоцна, во 2009 година.

Иако беше најпозната по хитовите како што се „Respect“ и „You Make Me Feel Like) A Natural Woman“, шаренилото на нејзиниот звук и жанрови биле неверојатни. Кога во 1998 Лучано Павароти го откажал настапот на доделувањето на „Греми“ наградите поради болест, таа втрчала да го замени 20 минути пред почетокот и ја отпеала аријата „Nessun Dorma“.

Дете од растурен дом, ќерка на свештеник кој ги сакал жените, а својата служба ја претворил во оргии. Забременила на 12 години, а до 15 веќе имала две деца од двајца разнични мажи. Најголем дел од животот се борела со алкохолизмот.

Поради недостиг на самодоверба, таа љубоморно се расправала со ѕвездите, учествувала и во неверојатни кавги со настапи на бес со колеги и членови на семејството. Постојаноодрекувала дека има проблеми со однесувањето и давала се од себе да го сокрие приватниот живот од јавноста.

Се излегло на виделина по објавата на неавторизираната биографија во 2014, чиј пишувач е Дејвид Рич. Тој бил решен да ја открие нејзината вистинска приказна и да ја отфрли претходната 15 години стара верзија која била објавена, а која ја одобрила пејачката. Новата верзија Арена ја опишала како „лаги и уште повеќе лаги“, но ниту еден извор вклучително и нејзините најблиски не демантирал ниту едно изнесено тврдење.

Кларенс Френклин, таткото на Арета е највлијателната личност во нејзиниот живот. Бил неверојатно успешен свештеник. Наречен „свештеникот со златен глас“, со проповедање започнал кога на 15 години слушнал глас од даска која гори.,

Арета била едно од петте деца родени во Мемфис, но семејството се отселило во Детроит кога таа имала четири години. Станала дете-гениј во госпелскиот хор на својот татко.

Нејзиниот татко бил близок со Мартин Лутер Кинг, возел кадилак и носел скапи одела со чевли до алигаторска кожа. Неговата слава само го разгорела неговото промискуитентно однесување, па забременил 12 годишно девојче. Црквата му била параван за оргиите кои тој ги правел.

Таткото на Арета со неговите деца (Арета е првото девојче до него од неговата лева страна)

Кога Арета имала шест години, мајката ги напуштила и заминала во Бафало, бидејќи повеќе не можела да ги трпи неверствата на сопругот. Починала кога Арета имала девет година, а децата ги воспитувале и за нив се грижеле девојките и секретарките на татко им.

Под траума од смртта на мајка си и можеби под влијае на однесувањето на таткото, Арета станува секуално активна од мала. Соул пејачот Сем Кук навестил дека тие имале врска кога Френклин имала 12, а тој 23 години. Првиот од четирите сина го родила два месеци по својот 13 роденден и го нарекла Кларенс, по татка си.

За репутацијата на нејзиниот татко говорат и гласините дека тој е таткото на нејзиното дете. Подоцна било откриено дека таткото е момче од нејзиното училиште.

Одлучна да успее како пејачка, Арета го напушта училиштето на 12 години и се приклучува кон патувачкиот госпел караван на нејзиниот татко каде пеела и свирела на клавир.

Децата и ги одгледувала нејзината баба. Се сеќава дека често се соочувале со расна дискриминација и дека смееле да јадат само во одредени ресторани и застанувале на бензиска пумпи каде знаеле дека смеат да користат тоалет.

На 18 години Арета заминува во Њујорк и потпишува договор со „Атлантик рекордс“. Музичкиот успех ја следи приватна катастрофа. Прв пат се омажила за Тед Вајт во 1961 година кога имала 19. Бруталниот уличен криминалец и макро од Детроит, Вајт, ја финансирал нејзината кариера заработувајќи од проститутки. Според зборовите на продуцентот Отис Тејлор „тој не се воздржувал и ја шамарал без да се грижи дали некој ги гледа.“

Арета и Тед

Арета пиела и јадела компулсивно. Алкохолот и помагал да ја потисне болката од ужасниот брак. Додека ја пеела „Respect“ во 1967 година на еден концерт, полупијана паднала на сцената и ја скршила раката. Подоцна тврдела дека била заслепена од светлината на рефлекторите.

Била апсена за непочитување на редот и законот и неочекувано откажувала концерти.

-Толку многу пиеше што мислевме дека е на работ на нервен слом, изјавила нејзината сестра Керолин.

Третиот син го добила 1964 година со Вајт од кого се развела во 1969 година. Следната деценија успеала алкохолот да го држи под контрола, но не и апетитот.

Сексуалниот живот и натаму и бил хаотичен, а исто како и на нејзиниот татко, славата и „удрила во глава“.

-Беше Кралица на соулот и мислам дека понекогаш своите момчиња ги третираше како слуги, изјавил Денис Едвард.

Со својот менаџер Кен Канингам во 1970 добила уште еден сим, а во 1978 година се омажила за актерот Глин Терман. До тогаш нејзините први хитови почнале да пресушуваат со актуелност, но се борела да ја задржи релевантноста кај публиката. Менталното здравје и било кревко и често се чувствувала преуморно поради притисокот од музичката индустрија.

-Се плашеше дека не е доволно добра како пејачка, доволно убава како жена и доволно посветена како мајка. Не знам како тоа да го наречам освен длабока несигурност. Се бранеше така што или пиеше додека не престане нејзината анкциозност или кога тоа ќе престане да делува, на некое време ќе исчезне, ќе се прибере и ќе застане повторно на сцената со круна на недостижна дива, вели сестрата Керолин.

Изиритирана од приказните за нејзината ментална нестабилност, ги хранела медиумите со лажни приказни за својот совршен живот, измислувала мистериозни љубовници. Еднаш објавила дека се мажи за човек кој за тоа ништо не знаел.

Била многу љубоморна на останатите ѕвезди особено на Барбара Страјсенд и Дајана Рос.

Пријателствата со колегите траеле кратко. Во 1989 година испеала дует со Витни Хјустон, а самата Витни во една прилика изјавила дека Френклин делувала непријателски и резервирано. Откако дуетот не го постигнал очекуваниот успех, Арета ја обвинила Витни. Не омалку арогатнта била и со машките колеги.

-Расправиите беа нејзина специјалност, изјавила Рут Боуен, нејзина пријателка и агент. Имала недоразбирања и со семејството, а на двете сестри се обидувала да им ја закочи кариерата, иако биле талентирани за пеење.

Со сестрите се скарала околу згрижувањето на нивниот татко кој последните пет години од животот ги поминал во кома, откако бил застрелан во обид за грабеж. Решена да не покаже слабост, Арета никогаш не побарала професионална помош од психијатар иако нејзиното семејство било убедено дека и е потребна.

-Таа цело свое страдање го претвораше во гнев. Беше како кралица на драмата. Тешко е и да се носи со екстремна тага и губиток. Наместо тоа, таа прави сцена, беснее без причина. Тоа е лудо, изјавува нејзиниот брат.

Со тек на време таа почнала да се плаши од патувања и летање. Последен пат влегла во авион во 1982 година. Патувала со автобус на специјализирани турнеи и дури и тогаш одбивала да се вози преку планини или по лошо време. Неможноста да пее во странство или во западниот брег на САД серионо го намалил нејзиниот успех.

Нејзиното его и кариера, од сите луѓе, ја спасил Бил Клинтон. Посакувајќи да привлече гласови од афроамериканците, ја замолил да пее на националната конвенција на Демократската партија во 1992 година. Кога станал претседател, и ја вратил услугата и ја повикал на својата инаугурација, да настапува во Белата куќа и на други поводи.

Публицитетот повторно ја покренал нејзината кариера. Навиката да не се појавува на концерти или во студио ја загрозило нејзината финансиска состојба. Познатата модна куќа.

„Saks Fifth Avenue“ ја тужела за долг од 262.000 долари за чевли и бунда. Тоа била само една од 30-те тужби поднесени од водоинсталатери, цвеќари, готвачи и други поради неплатени извршени услуги.

Дали сите овие приказни на крајот имаа смисла, ќе се прашаат обожавателите, а со оглед дека беше еден од најголемите гласови на 20 век.

-Ако кралицата Елизабета може да биде кралица до крајот на животот, зошто не може и кралица Арета?, и рекла еднаш Арета на својата сестра.

Ретко кој би влегол во расправа со неа.

Најнови вести