вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АХВ има список од 30 производители на генетски модифициран ориз, екипите за контрола на терен

АХВ има список од 30 производители на генетски модифициран ориз, екипите за контрола на терен

По добиен список од 30 можни производители на генетски модифициран ориз, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ги продолжува контролите на терен.

Како што соопшти директорот на АХВ Зоран Атанасов, позната е и сортата ориз добиена од генетски модифицираното семе.

Со контролите ќе се утврди кои се тие производители, по што ќе бидат преземени и мерки соодветно на законот.

– Имаме сознанија која е сортата на ориз и имаме список на лица кај кои може да се најде. Денеска екипите се повторно на терен. Детално ќе се влезе и ќе се утврди кои се тие производители. Добиен е список од 30 можни кај кои ќе се појде. Тоа ќе се реализира во соработка со Управата за семе и саден материјал при МЗШВ, истакна Атансов, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Стопанската комора за измените на Законот за ветеринарни лекови.

Според директорот, контролите се зајакнати не само во земјава, туку и на граничните премини при увоз. Се подготвува план за контрола на годишната, но и на реколката ориз за 2019.

Директорот Атанасов напомена дека одговорноста за увезеното семе не е надлежност на АХВ туку, како што рече, на друга институција.

МИА

Најнови вести