Седумнаесетгодишно девојче е пријавено за исчезнато од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.
Според информациите на МВР, пред два дена, на 18-ти август, воспитувачка во Домот пријавила дека 17-годишно девојче, штитеник на домот, излегло и не се вратило.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето.