среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие надоместоци газдите мора да ви ги исплатат секој месец

Овие надоместоци газдите мора да ви ги исплатат секој месец

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор.

Надоместок ви следува за следните трошоци:

1 Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата)

2 Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство

3 Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично)

4 Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата.

5 Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат км

Законски надоместоци:

-Доколку се селите за потребите на работата, трошоците ги покрива работодавачот

-Регрес за годишен одмор или к-15 во висина од најмалку 40% од основицата

Покрај надоместоците наведени нагоре, на работникот му се исплатува надоместок и:

-Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици

-Во случај на смрт на член на семејството, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици

-Во случај на потешки последици од елементарна непогода, на работникот му следува надомест во висина од една основица

-За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување на работникот му следува надоместок во висина на една основица

-За 10 години работа кај истиот работодавач, на работникот му се исплатува јубилејна награда во висина на основицата

-При заминување во пензија на работникот му следува најмалку двократен износ на основицата

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е всушност просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија која е исплатена во последните 3 месеци.