Американската водителка Опра Винфри овие денови е во центарот на вниманието поради својот говор кој многумина го сфатија како најава за кандидатура за претседателски избори.
Но освен што поради овој говор таа се најде во центарот на вниманието и поради една не толку убава вест.
Имено нејзината луксузна вила е уништена во големата природна катастрофа со што Калифорнија овие денови се бори.
Најмалку 15 луѓе загинаа во јужна Калифорнија која ја погоди зимска бура која донесе рекордно ниво на дожд и предизвика поплави низ целата држава и лизгање на земјиштето.
А она што најмногу ја погоди водителката Опра е тоа што таа има луксузна вила во Санта Барбара која целосно е оштетена во наносот на вода.
-Повторно се молиме за нашата држава, напиша водителката и видеото го сподели со јавноста, погледнете.
Инаку ова е втора катастрофа што ја погоди Калифорнија, претходно минатиот месец државата ја зафатија големи пожари кои беснееја неколку недели без престан.