Летниот период најмногу го користеме за да одмориме и да ги наполниме батериите. Секој за себе бира како и каде ќе одмора, некој на плажа, некој на планина, некој на некое егзотично патување.
Така беше и со некогашната македонска пејачка, Ноне Неделковска која уживаше во убавините на прекрасната Шпанија, поточно Валенсија.
Иако таа долго време не е дел од музичката сцена, сепак во медиумите може да прочитаме вести за активностите на Неделковска.
Ноне посети неколку атрактивни туристички места во Веленсија, а со тоа се пофали на социјалните мрежи.
Таа на Инстаграм објави фотографии од својата прошетка, а доби коментар да се врати во Македонија и да му се врати на пеењето.
Извор: Вистина