СДСМ одлучи да потроши 670.000 евра за уредување на Владата со цвеќиња, а УМС на ВМРО-ДПМНЕ денес им испрати порака поради ова.
-Ние од Унијата на млади сили направивме обиколка низ град Скопје и се обидовме на сликовит начин да им објасниме на Владата на СДСМ што се може да се направи со 670.000 евра. Со цвеќињата од 670.000 евра може да се пополнат сите дупки низ улиците на Град Скопје, а ова е еден од начините. Но, уште подобро е парите наместо за цвеќиња да земат да ги пренаменат за пополнување и асвалтирање на сите дупки во град Скопје. Граѓаните секојдневно страдаат со штетите предизвикани од дупките, а СДСМ си ја разубавува Владата и немаат слух за граѓаните, рече Александар Кочев од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.