среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Тозиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ го изгради и овој 30 километарски патен правец и вложи милиони денари, СДСМ не може да реконструираат 30 метри свлечиште

Тозиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ го изгради и овој 30 километарски патен правец и вложи милиони денари, СДСМ не може да реконструираат 30 метри свлечиште

Во изминатиот период граѓаните на Ресен и Преспа се сведоци на неодговорното работење на локалната самоуправа на Општина Ресен и министерството за транспорт и врски. Имено иако во Преспа сеуште во тек е туристичката сезона на дел од патот покрај Преспанското крабрежје кој води до дел од Преспанските плажи подолг временски период  постои свлечиште за кое никој од локалната самоуправа од Општина Ресен и министерството за транспорт и врски не води грижа, изјави Јован Тозиевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ресен и додаде:

„Истиот овој дел од патот до неколку населени места до плажите води и до неотворениот граничен премин „Маркова нога“ во Долно Дупени со Република Грција. Граѓаните во Ресен и Преспа од досегашното раководење на Општината од страна на СДСМ не виделе никаква полза и никаков капитален проект.  Има неколку проекти за кои СДСМ сака да ги присвои но тоа се проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ со пари добиени од европските фондови кои мораше да бидат довршени само од нивната страна. За време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен и Преспа беа направени повеќе капитални инвестиции меѓу кои и неколку во врска со развој на туризмот во Преспа. Беа асфалтирани повеќе патишта кои водат до манастирите, до плажите, беа изградени две супер модерни плажи во Стење и Сливница се со цел и желба да се развива туризмот. И додека ВМРО-ДПМНЕ го изгради и овој 30 километарски патен правец и вложи милиони денари, СДСМ не може да реконструираат 30 метри свлечиште.“

Тозиевски вели дека на министерството за транспорт и врски поважно им е парите да се насочат кон претстојниот референдум.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи бурно да ја следи работата на локалната власт на општина Ресен и во наредниот период , а на граѓаните останува да дадат оценка за тоа кој гради и кој партиципира во туристичкиот напредок на Ресен и Преспа, додаде Тозиевски.