вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОЧИВАЈ ВО МИР: Позната причината за смртта на Ванчо Петрушевски

ПОЧИВАЈ ВО МИР: Позната причината за смртта на Ванчо Петрушевски

Еден од најпознатите македонски актери, Ванчо Петрушевски, почина на своја 67-годишна возраст.

Како што дознава КУРИР, причината за смртта е струен удар. По ударот, била веднаш повикана Брза помош, но за жал било предоцна да се спаси животот на Ванчо.

-Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме, напиша на својот Фејсбук профил директорот на Драмски театар.

Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.

Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Познат е по своите улоги во Македонски народни приказни. Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

Редакцијата на КУРИР изразува сочувство до семејството и колегите на Ванчо.

Најнови вести