среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Приватните лекари си го бараат ветеното од Владата

Приватните лекари си го бараат ветеното од Владата

Здружението на приватни лекари на Република Македонија на последниот состанок на Управен одбор одржан на ден 25.08.2018 година ги разгледуваше актуелните состојби во здравството-во примарното и секундарното приватно здравство кои имаат договор со ФЗОМ.

-ЗПЛРМ го поздравува трендот на покачување на капитациониот бод кај колегите гинеколози и кај колегите од терциерно и секундарно јавно здравство, но апелира да ваквите парцијални решенија доведуваат до огромно незадоволство кај матичните доктори.  Апелираме овој тренд на покачување на платите во здравството се примени и во приватните здравствени установи кои се врзани со  договри со ФЗОМ, се наведува во соопштението.

-Да потсетиме: оваа Влада во својата програма има зацртано 90 денари капитационен бод, пациенти на ПЗУ и 100.000 денари плата за специјалисти, велат од приватните лекари.

Најнови вести