четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Кејт Мидлтон со голема лузна на главата

ФОТО: Кејт Мидлтон со голема лузна на главата

Принцезата кејт Мидлтон е фотографирана безброј пати од сите страни, а на една нејзина фотографија објавена уште во 2011 година на левата страна на главата се гледа долга светла линија. Тогаш некој пуштил муабет дека војвотката од Кембриџ носи вметоци за коса и дека линијата што се гледа е делот на кој се спојуваат тие со главата.

Во меѓувреме реагираше Бакингамската палата.

„Лузната на Кејт Мидлтон е поврзаната со операција што ја имала како девојче“, објави палатата откривајќи протоа дека гласините зеле толкав замав што морале и да реагираат.

Необичната линија повторно е актуелна, а Бакингамската палата не сака да коментира за каква операција станува збор, оправдувајќи го молкот со тоа дека операцијата е приватна работа. На тој начин само поттикна нови гласини.

Интернет лекарите за се и сешто веќе на големо пишуваат за „сериозни интервенции“ како отстранување тумор.

-Мислам дека не била сериозна интервенција, по изгледот на лузната би рекол дека е отстранување бенка или нешто слично, вели за Сан, хирург од Лондон.

Тој додава дека го чуди што лузната толку долго истанала скриена, но со оглед на тоа што Кејт многу внимава на фризурата, косата најчесто ја носи така што невозможно е да се види лузната.

Најнови вести