Харпер Бекам со нова фризура разбуди носталгија кај фановите на Spice Girls, затоа што ги потсети на изгледот на Викторија во 90-тите години.
44-годишната дизајнерка и поранешна пејачка објави фотографии од 7-годишната ќерка и поттикна многу коментари дека си наликуваат.
Пред еден месец, Дејвид сподели фотографија на која тој ја потстрижува слатката ќерка и напиша дека не е среќен за потскратувањето, но дека Харпер изгледа прекрасно.