недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

„Комуналец“ по седми пат ја чистеше депонијата кај селото Баница

„Комуналец“ по седми пат ја чистеше депонијата кај селото Баница

Одделението „Комунална хигена“ при ЈПКД „Комуналец“ од Струмица седмиpat оваа година ја чистеше депонијата на излезот од селото Баница кон село Водоча.

Според Бранко Ѓорѓиев, раководител на oдделението „Комунална хигиена“ апелира до граѓаните да не го фрлаат ѓубрето покрај патот, туку да се јават во ЈПКД „Комуналец“ и истото веднаш ќе биде подигнато.

– Ние редовно ги чистиме создадените диви депонии, а отпадот од селата од овој регион го подигаме два пати неделно. Апелираме до граѓаните да имаат повисока еколошка култура, а сметот и ѓубрето да не го фрлаат каде ќе стигнат туку да се јават во нашето претријатие и ние ќе го подигнеме, рече Ѓорѓиев.

Несовесни граѓани фрлаат шут и ѓубре и на други патни правци во регионот и тоа на места што повеќе пати се исчистени од страна на екипите на „Комуналец“.

(Миа)