Македонскиот пејач Јоце Панов пред неколку дена стави крај на ергенскиот живот.
По 10 годишна врска, Јоце стапи во брак со Марина Нацева, а веднаш по свадбената веселба тие заминаа на меден месец.
Тазе младенците го искористија слободното време и топлите денови, па заминаа на Миконос.
Јоце на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и на следбениците им покажа како си поминуваат.