Денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп ја започнаа со зборовите од изјавата на градоначалникот на Прилеп Илија Јовановски:
„Она што прво ќе го направиме, и тоа во рок од 2 месеци, е што ќе обезбедиме електрична енергија за жителите од населбата „Три багреми“. Ќе го направиме и патот до населбата, а за скоро време ќе го решиме и проблемот со водоснабдувањето, односно ќе обезбедиме здрава и чиста вода за секое семејство“,
-Во медиумите е објавен и текст во кој се истакнува дека Министерот Ибраимоски вели дека од градоначалникот на Прилеп добил уверување дека најдоцна до 31.12.2017 ќе биде поставена нова трафостаница, а ќе биде изграден и пристапниот пат до населбата „Три багреми“. Но, за жал поминаа повеќе од 2 месеци од ова дадено ветување, а нема ништо ни од започнување на негова реализација,ни од нова трафостаница, ни завршување на некој дел од проектот. Веднаш по овие изјави на Јованоски и Ибраимоски, ОК на ВМРО-ДПМНЕ реагиравме и кажавме дека ова е само една лага и дека ништо од ветувањата нема да биде реализирано, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.
Од партијата потенцираат дека првиот ден од стапувањето на функцијата градоначалник, Илија Јованоски ги повика сите глумци и вработени во театарот во Прилеп и изјави дека тој ќе изгради нов театар.
-Почитувани сограѓани и театарски работници, градоначалникот нема намера да изгради ни театар, ниту пак било кој друг проект кој го ветуваше пред изборите. Не за изградба, ами ниту за изработка на проект немаат предвидено средства во буџетот за оваа година. Ниту за театар, ниту за било што друго. Од завршувањето на локалните избори и од кога СДС ја води Локалната власт во Прилеп веќе изминуваат 4 месеци. Доволно време кое политичкиот противник и граѓаните треба да ги дадат на една нова власт за да може да покаже дали сака да работи во интерес на граѓаните и дали ќе започне со предизборните ветувања. Во овие месеци на неколку пати укажувавме на кршењето на законите од страна на актуелната Локална власт на чело со градоначалникот Јованоски, на тоа дека лагите кои ги ветуваа во предизборието треба да започнат да ги реализираат ,со надеж дека ќе им проработи свеста и совеста, истакнаа од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп велат и дека затоа што не им проработува ни свеста, ни совеста, ќе започнеме со откривање на сите незаконите дејствија направени од страна на СДС во Прилеп и градоначалникот Јованоски. Тоа заслужуваат да го знаат граѓаните на Прилеп, а особено тие кои веруваа во лажните ветувања на СДС.