Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, ќе биде поставен на позицијата Началник на Одделот за борба против организираниот криминал, пренесува Лидер.
Како што јавува Лидер министерот за вратрешни работи Оливер Спасовски го назначил Велковски на чело на овој важен оддел по барање на премиерот Зоран Заев.
Инаку, Велковски беше разрешен од владата од позицијата директор на БЈБ, по скандалот кој изби со злоупотребата на неговото службено возило со кое неговата ќерка замина на одмор во Грција во кампот Евридики.