Наместо со насмевка, првиот учлилишен ден за 38 ученици од Основното училиште Славчо Стојменски во Виница започна со солзи. Дел од третооделенци и петооделенци денес не отидоа на училиште откако разбрале дека имаат нови наставнички. Родителите револтирани, побараа од директорот на училиштето да ја повлече одлуката и наставничките кои се прераспределени во подрачните училишта во селата Лески и Градец, повторно да се вратат во матичното школо.
Промената на наставничките кај дел од учениците предизвика стрес и трауми.
Директорот на училиштето дециден, одлуката нема да ја повлече. Политички реваншизам нема, со ова само ја исправал неправдата која долги години ја имало во училиштето.
И додека директорот и покрај тврдењата на родителите дека нивните деца не се на училиште, убедуваше дека учениците од двете спорни паралелки се на број, нашата камера успеа да ја сними полупразната училница.
Извор: АЛФА