четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кој и за што ќе го советува МВР? За консултантски услуги ќе се потрошат над 60 илјади евра

Кој и за што ќе го советува МВР? За консултантски услуги ќе се потрошат над 60 илјади евра

Министерството за внатрешни работи објави оглас за консултантски услуги за изготвување на проектна документација која ќе се користи при извршување на набавка на услуги за изработка на биометриски документи.

Проценетата вредност на договорот изнесува 3.000.000 денари без ДДВ, односно околу 50 илјади евра. Со вклучено ДДВ сумата која ќе ја плати МВР би надминала 60 илјади евра.

Постапката за доделување на договорот ќе биде со скратени рокови, а како причина е наведено – намалување на роковите поради итни причини. Во огласот не е наведено колку ќе изнесува времетраењето на договорот.

Најнови вести