понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Тотално збунети: Која е ѕвездата што се враќа во Македонија?

Тотално збунети: Која е ѕвездата што се враќа во Македонија?

Откако веќе информиравме дека низ социјалните мрежи, повеќе јавни личности, пејачи, актери, стилисти, градски фаци и инфлуенсери постираат мистични фотографии, лудилото на јавните фаци да се сликаат со ѕвезди, не само што продолжи, туку и доби на интензитет!

Фејсбук и Инстаграм се преплавени со ликови што се фотографираат со  ѕвезди во различни бои во своите раце и пишуваат дека одредена ѕвезда се враќа повторно во Македонија!

Перо Антиќ, Слаткаристика, Дарио, Софија Караќаева, Димитар Атанасовски,  Ксенија Николова, Бети Сикрет и многу други се дел од многумината кои се приклучија на кампањата Ѕвездата се враќа во Македонија.

Веќе на големо се шпекулира дека зад целата кампања се крие нешто многу големо. Деновиве низ македонските медиуми почна да се врти и телевизиски спот со истата поента: дека ѕвездата конечно се враќа во Македонија, а осамнаа и плакати со слични пораки.

Се чини дека се поблиску сме до одговорот која ѕвезда толку со нетрпение ја чекаат сите музички, спортски и останати ѕвезди од јавниот живот!

 

Најнови вести