Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, синоќа беше гостин во емисијата „Опинион“ на телевизија Клан за да зборува за можното решение со Србија и неговото влијание врз регионот. Меѓу другото, Тачи зборуваше и за референдумот во Македонија, при што ги повика Албанците во Македонија, масовно да излезат и да го поддржат престојниот референдум за промена на името.
-Ги повикувам Албанците во Македонија да излезат и масовно да го поддржат референдумот. Договорот меѓу Косово и Србија нема да влијае на територијалниот интегритет во Македонија. Господинот Ахмети и Тачи го поддржуваат овој договор, рече меѓу другото претседателот на Косово, Хашим Тачи.