петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Марјана Станојковска доби прекрасна замeна во „Ново лото“ (ФОТО)

Марјана Станојковска доби прекрасна замeна во „Ново лото“ (ФОТО)

Марјана Станојковска важи за една од најатрактивните и најангажирани водителки во Македонија. Марјана е позната по нејзиното водење на „Ново лото“ кое се емитува секоја среда и сабота на Сител телевизија.

Токму оваа наградна игра има донесено многу среќа и пари на упорни натпреварувачи, а водителката пред ТВ екраните ги известува дали тие се добитници на одредена сума.

Меѓутоа, овој пат Марјана доби замена. Имено, нејзината колшека од утринската емисија на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, Елена Стојановска на својот Инстаграм профил сподели фотографија од студиото на телевизијата каде се емитува „Ново лото“, а во описот напиша: Во замена на мојата драга колешка Марјана.

Дали станува збор за привремена замена или Елена ќе добие нов ангажман останува да видиме.

извор: Вистина.мк

Најнови вести