сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Малчевски: Јас сум убеден во апстиненција на 30-ти септември

Малчевски: Јас сум убеден во апстиненција на 30-ти септември

ВМРО-ДПМНЕ  цело време беше ставено на страна и кога се разговараше со Грција и кога се пишуваше договорот од Нивици, изјави универзитетскиот професор Самоил Малчевски за време на гостувањето на телевизија Телма на емисијата Топ тема на ваша страна.

Тој посочи дека ако некој мислел дека треба да се слушне гласот на сите, дека ако сите требало да бидат вклучени тоа требало да се направи барем при потпишување на договорот.

-Зошто ако толку е важно што мислат сите на потпишувањето немаше никој од опозицијата. Зошто кога е важно не беа викнати барем пратениците. Во Собранието на крајот ќе треба поддршка за да помине договорот, рече Малчевски.

Универзитетскиот професор изрази и сомневање дека власта ги подготвила и и амандамните. Според Малчевски повеќе од очигледно е дека надлежните подготвиле се, дека и амандманите се готови.

-Ајде да видиме што содржат амнадманите, кои се амнадманите. Очигледно е дека се готови според однесувањето на луѓето од Владата, повика Малчевски.

Тој посочи дека извесен период поради истражувања кои ги правел бил на терен низ Македонија.

-Не слушнав дека некој ќе излезе и ќе гласа. Народот е збунет, соочен со уцена, со нејасно прашање. Некој треба да објасни за што е тој договор, а не да се лажат граѓаните. Има огромно разочарување кај граѓаните. На 30 септември граѓаните ќе ги исцртаат македонските црвени линии. Јас сум убеден во апстиненција на 30 септември, рече Малчевски.

Најнови вести