Референдум требаше да се одржи пред да се постигне договор со Грција, констатираше пратеникот Трајче Димков кој гостуваше на телевизија 24. Според него постапката на владата прво да постигне договор потоа да ги прашува граѓаните не е во согласност со правните норми.
-Процедурата не е испочитувана, треба прво да се прашаат граѓаните потоа да се прават договори. Но, вие и сега само ќе ги консултирате граѓаните. Тоа пак што референдумот е консултативен, а не обврзувачки зборува многу, рече Димков.
Според него спорен е и моментот што владини претставници говорат „ако не успее референдумот институциите ќе продолажт да го спроведуваат договорот со Грција“.
Пратеникот кој е дел од коалицијата предводена од СДСМ Горам Мисовски кој исто гостуваше на телевизија 24 тврдеше дека на референдумот ќе излезат 650 илјади граѓани или толку ќе се изјаснат со ЗА на истиот.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димков пак смета дека чудни се овие тврдења.
– Од каде знаете дека ќе има 650.000 гласови ЗА, ќе ги полните кутиите?, праша Димков.