недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

Макпетрол АД со донација на соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000 денари за Министерството за здравство

Макпетрол АД со донација на соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000 денари за Министерството за здравство

Земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и Светот, се соочува со последиците од пандемијата со новиот Корона вирус, „КОВИД-19“, Макпетрол АД како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000 денари на Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот „КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество.

Дополнително, уште еднаш сакаме да апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.

Останете дома и придонесете, заштитете се себеси и оние кои ги сакате!

Макпетрол АД е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против вирусот „КОВИД-19“.

Јавното здравје е заедничка одговорност!