сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НАТО контингентот преку Амбасадата на САД донираше техничка опрема за радовишките пожарникари

НАТО контингентот преку Амбасадата на САД донираше техничка опрема за радовишките пожарникари
општина радовиш

НАТО контингентот преку Амбасадата на САД донираше техничка опрема за радовишките пожарникари, соопштија од Општина Радовиш.

Опремата се состои од противпожарни шлемови, гумени чизми, сет алати (секира, јаже,клешти, пила), противпожарни огноотпорни одела, балаклави и носачи за белодробен апарат со маска.

Од Општината додаваат дека ТППЕ Радовиш е дел од неколкуте противпожарни единици во државата, кои се опфатени со донација на техничка опрема од НАТО контингентот за да им се помогне на единиците во опремувањето за ефикасно извршување на интервенциите.

Најнови вести