Лавовите се великодушни и околу себе сакаат да гледаат среќни луѓе. Тие се целосни личности затоа што поседуваат убавина, интелигенција, друштвена способност и самодоверба.
Кога некој ќе ги повреди, тие целосно се затвораат во себе. Имаат гордост и не прават работи кои се во спротивност со нивните убедувања и морал.
Ова се 20 принципи кои се најважни во нивниот живот:
Ако сакате да ги запознаете, морате малку да почекате. Тие внимателно ги избираат луѓето со кои го минуваат своето време.
Ако некој мора да биде главен, тоа ќе бидат тие.
Тие се друштвени, но само неколку луѓе им се навистина блиски.
Не сакаат форсирани разговори, врски и пријателства. Мразат работи кои се форсирани. Ако не се на иста бранова должина со некого, нема шанси да се дружат со нив.
Не се плашат од неуспесите, а сакаат успех по секоја цена.
Не сакаат да ги разочаруваат луѓето, па затоа често велат „ДА“ наместо „НЕ!“.
Често се заљубуваат во личност во која никој не би очекувал дека ќе се заљубат.
Нивните правила се едноставни: Почитувај го нивното време. Ценете го нивниот труд. Исполнувајте ги ветувања. Секогаш бидете искрени. Останете доследни.
Сакаат да го имаат вниманието само на луѓето кои ги сакаат. За другите не се грижат.
Кога е потребно знаат да бидат нежни.
Ги даваат најдобрите совети и секогаш ги решаваат проблемите на другите луѓе, но никако не успеваат да го поправат својот хаос.
Кога некој ќе ги исфрли од ритам, го убиваат во својата глава најмалку три пати.
Сакаат врска во која со другата личност ќе се борат против светот.
Ако запознаете Лав, тој/таа ќе остави печат во вашиот живот. Сигурно нема да ги заборавите, било за добро, било за лошо.
Ако повредите некој кој им е близок, ќе ве натераат да платите за тоа.
За себе велат дека не се љубоморни, само си ја заштитуваат територијата. Нивната теорија е дека љубомора е кога сакате нешто што не е ваше, за територијалност е значи дека сакате да заштитите нешто што веќе го имате.
Не простуваат лесно.
Имаат весела природа и добро срце, но одвреме-навреме ја покажуваат својата силна страна за да не им дозволат на другите лесно да ги користат.
Она што е претерано однесување за другите, за Лавот може да е сосема соодветно однесување.
Мотото на Лавот е: „Совршеноста е недостижна, но ако се трудиме да одиме кон неа, ќе постигнеме извонредност.“