Припадниците на овој хороскопски знак го опсипуваат партнерот со внимание и нежност, особено кога се сами и никој не ги гледа. Кога сакаат некого, сакаат со цело срце.
Станува збор за луѓето родени во хороскопскиот знак Овен.
Тие знаат што сакаат во животот, a кога сакаат нешто, ќе сторат сè за да го добијат. Овните се многу страсни. Иако на партнерите им се чини дека страста во нив стивнала, Овните се многу вешти во разгорување на страста.
Астролозите ги нарекуваат Овните „тајни романтичари“ затоа што на почетокот на врската не изгледаат така. Тие се многу реалистични и одлучни и ги кријат своите емоции, но кога ќе наидат на сродна душа, сите тие емоции излегуваат на површина.
Животот со Овен е многу возбудлив и динамичен, а од друга страна, многу сигурен. Партнерите знаат дека може да се потпрат на нив во тешки животни ситуации и дека ќе се жр*вуваат за нив ако е потребно.
Малку се љубоморни
Овните може да се чувствуваат несигурни ако мислат дека некој може да го украде нивниот партнер. Тие имаат тенденција љубоморно да изразуваат незадоволство ако забележат дека некој флертува со саканата личност.
Овните ја сакаат сродната душа само за себе, но понекогаш се премногу горди за да покажат дека им недостасува таа личност.
Како да заведете Овен?
Станува збор за многу активни поединци на кои им треба партнер со слични карактеристики, кој може да биде во чекор со нив. Покрај тоа, Овните имаат многу изразено его и сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Кога станува збор за додворување, луѓето родени во овој хороскопски знак сакаат да бидете смели и аг*есивни. Не барајте дозвола за бакнеж – искористете го моментот. Колку е подиректен вашиот пристап, толку подобро.
Исто така, Овните се чувствителни на пофалби. Тие сакаат да слушнат дека се најс*кси во просторијата, најдобри во нешто и сл. Ако штотуку запознавте Овен што ви се допаѓа, слободно спротивставете му се. Стра*ните дискусии дејствуваат на нив како афро дизијак.