недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Голем хороскоп за месец мај- овој знак го очекува брдо пари, а овој знак да прекине со пороците и да започне здрав живот

Голем хороскоп за месец мај- овој знак го очекува брдо пари, а овој знак да прекине со пороците и да започне здрав живот

ОВЕН

Се подготвувате за далечен пат и знаете дека тоа воопшто нема да биде лесно патување. За среќа, не одите сами, но тоа и не е некоја утеха за вас, бидејќи одите со личност на која не можете многу да сметате. На ова патување ќе имате можност да размислите повеќе околу тоа што ви се случува и сѐ што сакате да промените кај себе.

Работата некогаш ви беше многу важна, но сега кога сфативте како функционира сѐ, веќе не ви е на прво место. Немате толкава мотивација и волја да работите како некогаш затоа што знаете дека напредувањето не зависи од тоа, вашиот талент не е воопшто важен, важни се само врските и познанствата.

На крајот на месецот се можни проблеми со колковите, најдобро е да посетите специјалист навреме за да не дојде до поголем проблем. Генетски имате проблеми со коскени заболувања и затоа мора строго да водите сметка за сѐ што може да ви го загрози здравјето.

БИК

Преголемиот притисок на работаа ќе трае и овој месец. Имате премногу работни задачи кои одвај постигнувате да ги избршите. Обидете се некои работни обврски да ги префрлите на колегите кои немаат толку работа како вас, бидејќи полека но сигурно ве стига заморот и почнувате да чувствувате последици од преголемиот обем на работа.

Ќе сретнете личност која некогаш била многу важна за вас и која не сте ја виделе долго време. Сте се виделе само неколку пати во претходните неколку години, но не сте имале време да поразговарате, ниеден од вас не сакал прв да го започне разговорот поради гордост, но овој месец ќе биде поинаку. Кога ќе се сретнете, ќе се чувствувате како никогаш да не сте го ни прекинале контактот и ќе разговарате со часови. Сепак, не дозволувајте таа личност повторно да ви се вовлече под кожа, бидејќи не било сѐ совршено во минатото со неа, иако сте имале убави моменти. Сегашноста и минатото не можат да се споредат, ништо не е исто како порано, тоа мора да го сфатите пред да се обидете повторно да бидете со таа личност, ако воопшто дојде до тоа.

Потребен ви е одмор бидејќи сте претерале со работа и сега ги чувствувате последиците. Хроничен замор, несоница и премореност се само некои од состојбите кои ги чувствувате и мора да го намалите темпото. Не е сѐ во парите, иако за поголемиот дел од луѓето се многу важни, мора да одморите и да најдете време за некои други работи.

БЛИЗНАЦИ

Не е време за ризични деловни потфати иако некои можности ви изгледаат многу примамливи. Постојат многу фактори кои можат негативно да влијаат на целата ситуација и најдобро е да почекате некое поволно време за финансиски вложувања. Ако се занимавате со сметководство или јавно достапни услуги, очекувајте варирање во понудата и потрагата.

Овој месец ќе ви донесе некои проблеми, а комуникациските способности се први на удар особено ако сте слободни. Идеален период за започнување на нов деловен проект, но мора добро да размислите за причините и последиците за да течат работите според планот. Овој период може да го одбележат и промени  на приватен план, кога станува збор за започнување на некои нови пријателства.

Се чувствувате добро, но сепак може да го намалите темпото, премногу брзате и премногу обврски земате на себе, не сте од челик, забавете малку и дајте му шанса на организмот да се одмори. Не јадете премногу масна и зачинета храна, а месо и млеко внесувајте умерено. Јадете повеќе и почесто варена храна, избегнувајте пржено, а само од време на време јадете нешто слатко, знаете и сами дека сте склони кон дебелеење, а тоа носи бројни ризици.

РАК

Вашата кариера се наоѓа на мета на многумина кои сметаат дека не знаете да ја работите својата работа или дека не се трудите доволно добро. Се обидувате да ги уверите дека не се во право, но кога ќе ги погледнете вашите цели кои сте ги оствариле, сфаќате дека немате со што да се пофалите. Сепак, многу деловни партнери веруват во вас. Сметаат дека ова е само еден лош период од кој ќе се извлечете набргу.

Вашиот партнер нема разбирање за вашите барања, кои се, мора да се признае, секој ден сѐ побројни. Во втората половина од месецот ќе добиете шанса за едно романтично патување, а можеби таму ќе остварите подобра комуникација и да решите некои проблеми кои ве мачат веќе подолго време. Со саканата личност мора постојано да разговарате и да ја градите својата врска и не смеете да ја земате здраво за готово.

Чувствувате болки во тилот и слепоочниците, најдобро е да го проверите крвниот притисок и сами знаете дека имате генетски предиспозиции за тоа. Не смеете да јадете многу солена и масна храна, но едноставно не можете да и одолеете. Сепак, ако сакате да го зачувате своето здравје, направете кореција на исхраната и исфрлете ги многубројните лоши навики.

ЛАВ

Ќе се борите храбро овој месец со сите обврски и проблеми кои се насобираат. Сепак, сметате дека тоа не е ништо необично за вас и вашиот живот, навикнати сте на тој стил на живот и не можете да замислите да живеете поинаку. На работно поле, ситуацијата конечно оди на подобро, имате соработници кои ви помагаат но мора да научите да соработувате со нив секојдневно.

Вашиот љубовен живот е бурен како што бил и отсекогаш, но вам искрено тоа ви здодеа. Сакате да се смирите и да уживате во пријатните моменти со саканата личност, доста ви е од драми, игри и губење време со личности кои тоа не го заслужуваат. Понекогаш едноставно сонувате дека сте во долга и стабилна врска без осцилации, но овој месец едноставно не е вистинско време за стабилност, вашиот авантуристички дух секогаш бара нешто ново и возбудливо и сѐ уште не сака да се смири.

Забавите и ноќниот живот земаат замав, не може без последици да лежите до доцна и да станувате рано. Можни се проблеми со гласните жици, а само од вас зависи колку долго ќе трае тој проблем. Имунитетот ви е наслабнат, а вие дополнително го ослабувате, мора да прекинете со пороците и да почнете да се храните здраво.

ДЕВИЦА

Комуникацијата на деловно поле со една важна личност ќе ви донесе многу позитивни прилики овој месец. Ќе имате можост да научите многу нови работи во врска со вашето работно место, а тоа ќе отвори некои нови врати за развој на кариерата и за остварување на подобри цели и планови за кои се подготвувате подолг период, но не ги реализирате.

Добивка на финансиско поле е можна во средина на месецот, но нема да биде спектакуларна како што очекувате. Конечно дојде време за уредување на вашиот животен простор и овој месец е идеален за тоа. Точно знаете што сакате да промените, имате солидна замисла само ви е потребно да ја најдете вистинската личност која ќе ви помогне да ги реализирате своите идеи на вистински начин. Ако сакате, секогаш може да побарате совет од пријателите, но знаете дека нивниот вкус не се сложува со вашиот и дека само без потреба ќе добиете многу совети кои нема да ви се допаднат.

После толку години барање и истражување, конечно сте во врска со личност која е многу постара од вас и вистинско е чудо што не сте сфатиле порано колку е погрешно да го губите времето со незрели личности кои не знаат што сакаат. Постарите личности се позрели, помирни и посталожени, а токму таква личност вам ви е потребна во вакви тешки моменти кога сте останале сами.

ВАГА

Роковите се кратки, а вие успевате сѐ да завршите во предвиденото време. Ни сами не верувавте дека можете да ги завршите сите обврски, без некој да ве притиска и да ви говори дека мора побргу да работите. Работата не го трпи вашиот неорганизиран приватен живот, но ако наскоро не ги средите приватните обврски, ќе се одразат на работата, а тоа секако не сакате да се случи. Некои колеги ќе останат без работа затоа што не се труделе доволно да ги завршаат работните задачи навреме, но тоа вас не ве погодува бидејќи знаете колку се трудите и колку вредите.

Семејството и најблиските пријатели сакаат да поминуваат повеќе време со вас, но на почетокот на овој месец тоа едноставно е невозможно. Сепак, на почетокот на втората половина од месецот ќе имате повеќе време за приватен живот, и искористете го на вистински начин.

Во последно време сте качиле неколку килограми, но тоа не сакате да го признаете и му се лутите на секој кој тоа ќе го спомне. Но, сепак вие знаете дека јадете повеќе отколку што ви е потребно, јадете на нервна база или кога сте депресивни, а тоа на долги стази може да го загрози вашето здравје. Ако не можете сами да се изборите со тој проблем, побарајте помош од стручно лице.

ШКОРПИЈА

Знаете дека без добри и силни врски нема да можете да остварите добар резултат, и затоа пред да почнете со било што морате да контактирате одредени личности за да остварите нешто од кое ќе имаат корист голем број луѓе.

Вашето чувство за комуникација овој месец не ве служи на најдобар начин, едноставно не умеете добро да објасните што сакате и поради тоа ќе дојде до несогласувања со партнерот. Имате заеднички цели, но не сте сигурни дали сакате да ги реализирате на вистински начин, тоа е она што доведува до расправии и кавги и потребно е да го решите тој проблем што побргу.

Имате проблеми со варењето кога сте нервозни и вознемирени, но никако не сте во состојба да ги избегнете стресните ситуации кои се присутни во вашиот живот секојдневно. Ако мислите дека можете сами да го решите тој проблем во ред, но ако не сте сигурни и мислите дека ви треба стручна помош, не срамете се да ја побарате.

Некои членови на семејството наското ќе отидат на малку подолг одмор и тоа ќе ви годи повеќе отколку што очекувате. Малку слобода и самостојност никому не му пречи, ќе уживате сами со себе, а веќе долго време не сте имале таква можност. Самотијата е понекогаш корисна.

СТРЕЛЕЦ

Креативни сте но немате кому да ја покажете вашата креативност, никого не го интересира она што го знаете и она што може да го направите. Денес се некои други вредности на цена, а вие ги немате, за жал, и затоа сте заглавени во времето и просторот и не знаете како да се ослободите.

Ги набљудувате паровите околу себе, сите делуваат среќно и заљубено, но се прашувате дали е тоа маска или навистина постои искрена и вистинска љубов. Вие сѐ уште не успеавте да ја пронајдете ниту да ја искусите, секогаш бевте во врска со некоја личност која повеќе го сака вашиот паричник отколку вашите квалитети. Поголемиот дел од луѓето не гледаат каква личност сте, туку што сте направиле за нив, па поради сето ова моментално љубовта не ве интересира.

Овие денови ви се отвораат многу врати како на приватно, така и на деловно поле. Направете го вистинскиот потег кога станува збор за љубовта и нема да останете сами. Не правете компромиси со никого, но преговарајте. Ако постапите искрено и праведно, преговорите ќе завршат сосема коректно и ќе бидете задоволни и вие и другата страна.

Ако ви се допаѓа некој, тоа не значи дека треба по цел ден да мислите на таа личност и да ги запоставите своите пријатели, семејство и работа. Ако немате што да правите, најдете некое хоби, инаку таа симпатија ќе прерасне во опсесија. Не ги откривајте сите емоции веднаш на почетокот на разговорот, оставете нешто и за подоцна.

ЈАРЕЦ

Отсекогаш ви било важно да имате доволно слободно време и слободни денови во месецот за да имате можност да поминете време со семејството и пријателите, но овој месец ќе имате толку обврски што ретко кога ќе можете да се опуштите. Ако ве бараат од работа, обидете се да објасните дека не сте само вие задолжени за некои обврски.

Ако сте во врска, овој месец е идеална прилика да ја зајакнете. Барем еднаш неделно одвојте време за да бидете насамо со партнерот, разговарајте во врска со тоа што сакате, а што не, разговарајте за минатото па дури и за поранешните љубовни врски, не кријте ништо, бидете искрени, бидејќи на тој начин луѓето најмногу се зближуваат и се запознаваат.

Секоја деловна прилика за вас е нов предизвик, не прескокнувајте ниедна шанса, барем обидете се ако не успеете, тоа ќе биде само уште едно искуство кое ќе ве направи квалитетна личност. не си дозволувајте себеси да губите време, па макар и ако не сте сигурни дали можете да направите нешто или не, обидете се во секој случај.

ВОДОЛИЈА

Уморни сте од обврските затоа што партнерот ви ги препушта вам, вие сте навикнати никогаш да не велите НЕ, но понекогаш очекувате помош и од саканата личност. Засега сѐ уште нема негативни последици од тоа, но сепак не сте сигурни уште колку може да го толерирате.

Тврдоглави сте во љубовта и тоа е единствената работа преку која партнерот не може да помине. Сепак, ни љубомората не ви е непозната, а овој месец ќе ја покажете и таа страна на вашата личност, а тоа и не е толку лошо, затоа што саканата личност треба да ја запознае и таа ваша особина.

Болката во градите не е нешто кое треба да го занемарите, особено ако се случува по напорните физички активности. Малку го занемаривте своето здравје и време е да обрнете внимание на него.

РИБИ

Имате доволно енергија и мотивација и генерално се чувствувате добро. Не се откажувајте ни во втората половина од месецот кога силата ќе почне малку да ви попушта, но нема да чувствувате замор и омалаксаност.

Во овој месец ќе имате можност да ги покажете своите работни способности, и ќе имате желба да се натпреварувате со соработниците затоа што знаете дека имате многу повеќе знаење и вештини од нив. Меѓутоа, внимавајте, некои од нив изгледаат како ништо да не знаа, а всушност се многу вешти и интелигентни.

Доста ви е од здодевни додворувачи кои само чекаат можност да разговараат со вас. Тоа што сте комуникативна и мирна личност не значи дека имате нерви да разговарате со секој кој ќе посака, сепак некоја граница мора да постои и тоа ве нервира. На средината на овој месец работите ќе се смират и луѓето ќе сфатат дека сепак не сте толку достапни за разговор.