петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Голем месечен хороскоп – овие знаци ги очекува вистински пресврт и хаос, а еден нова љубов

Голем месечен хороскоп – овие знаци ги очекува вистински пресврт и хаос, а еден нова љубов

Овен

Во март планетата Сатурн ќе го напушти знакот Водолија за да се пресели во оној на Риби, подготвена да ги фаворизира водните знаци, но не само нив… А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите за месец март!

Овен: среќен месец!

Драг Овен, месецот март ќе се отвори во име на љубовта кон вашиот знак, а особено љубовта ќе цвета од 16-ти. Меѓутоа, во последните десет дена од месецот Меркур ќе влезе во конјукција со Јупитер: силата на овие две планети ќе ви донесе многу среќа и одлични резултати на полето на работата. Може да почувствувате малку повеќе замор почнувајќи од 24 ден.

Бик: одлично!

Драг Бик, конечно во овој месец март планетата Сатурн ќе престане да делува против вас! Во последните години моравте да го издржите неговиот неповолен транзит низ знакот Водолија, кој ви носеше тежина и тешкотии и на работното место и во семејството. Сега ќе можете да се чувствувате полесни и наскоро, со доаѓањето на Јупитер во вашиот знак, конечно ќе дојдат наградите дури и задоволствата што ги чекавте! Март ќе биде многу среќен и во поглед на чувствата.

Близнаци: Сатурн неповолен…

Драги Близнаци, за жал овој месец Сатурн влгува во „непријателскиот“ знак за вас Риби: овој транзит ќе ви донесе малку повеќе тежина во следниот период и некои пречки што треба да ги надминете, но не само што ќе излезете посилни од порано, туку и уште повеќе свесни! Првата половина на март ќе биде дефинитивно среќна на љубовен план, благодарение на планетата Венера. Уште малку тензија во канцеларија ќе мора да издржите до 19-ти ден.

Рак: Одлична вест!

Драг Рак, овој март доаѓаат одлични вести за вашиот знак! Конечно планетата Сатурн, која ќе влезе во знакот Риби, ќе престане да ве попречува и ќе се врати да дејствува во ваша корист. Многу комплицираните ситуации во последните неколку месеци ќе најдат добра разрешница. Во љубовта, вториот дел од март ќе биде дефинитивно посреќен од првиот, додека на работа може да наидете на уште некои пречки во последната недела од месецот.

Лав: моментот што го чекавте!

Драг Лав, дојде моментот што го чекавте барем неколку години: почнувајќи од 7-ми ден, конечно планетата Сатурн повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак! Не ви беше лесно во овие години да се соочите со толку многу искушенија, честопати навистина тешки, но успеавте и сега, малку по малку, сè ќе се подобри. Меркур исто така повторно ќе ви се насмевне во втората половина од месецот и наскоро ќе ви донесе добри вести на работа.

Девица: Сатурн ќе ви создава маки

Драга Девица, за жал дојде моментот од кој се плашевте: во месец март ќе го почувствувате влегувањето на планетата Сатурн во опозиција со вашиот знак. Ви запичнува секако нималку лесен период, кој ќе биде полн со предизвици, но кој ќе ве направи посилни и способни да разликувате што е навистина за вас, кои ситуации да ги задржите во вашиот живот, а кои да ги затворите. Среќата во љубовта ја гарантира планетата Венера со почеток од 16ти март.

Вага: Венера се уште е во опозиција…

Драги Ваги, месец март се отвора со планетата Венера во опозиција, што би можело да направи да доживеете мала или поголема криза на полето на чувствата. Ќе биде подобро од 16-ти ден! На работа, напротив, првиот дел од месецот ќе биде поисплатлив од вториот, кога ќе треба да се справите со спротивставеноста на Меркур (како и онаа на Јупитер), што ќе доведе до дискусии и тензии во канцеларија. Месецот ќе се затвори со пад на енергијата.

Скорпија: љубовни проблеми

Драга Шкорпија, одлични вести доаѓаат овој март! Планетата Сатурн, откако помина долго време во знакот „непријател“ Водолија, сега повторно ќе се активира во ваша корист, подготвена да ви даде свеж воздух. Конечно ќе можете да ги оставите зад себе тешкотиите од последните години. Сепак, има лоша вест: почнувајќи од 16-ти, планетата Венера ќе дојде во опозиција со вашиот знак и ќе внесе тензии во вашиот љубовен живот.

Стрелец: добри и лоши вести…

Драг Стрелец, во овој месец ве очекуваат добри и лоши вести. Да почнеме со лошото: планетата Сатурн почнувајќи од 7-ми ќе стане неповолна за вашиот знак, а во наредниот период ќе има тензии и кризни моменти… Добрата вест сепак е дека конечно планетата Марс по толку месеци нема да бидете повеќе во опозиција со вашиот знак и, малку по малку, ќе можете да закрепнете со добра енергија и здравје.

Јарец: со наклонетоста на Сатурн!

Драг Јарец, транзитот на Сатурн во „пријателскиот“ знак Риби ќе ви донесе месец (и не само месец!) полн со нова енергија: малку по малку напорите од последниот период ќе донесат добри резултати и ќе бидете способни да се чувствуваат помалку „оптоварени“ со мисли и грижи. Втората половина на март, кога Венера повторно ќе биде активна во ваша корист, ќе биде дефинитивно посреќна од првата на љубовен план. На крајот на месецот влегувањето на Марс во опозиција ќе направи да се чувствувате малку поуморно.

Водолија: збогум, Сатурн!

Драга Водолија, овој месец планетата Сатурн дефинитивно ќе го напушти вашиот знак за да премине во оној на Риби: со тоа ќе заврши периодот на големи трансформации и промени, од кои сега ќе продолжите да имате корист. Венера ќе биде поволна до 16-ти, а потоа ќе ви го заврти грбот, со што ќе внесе одредена тензија во вашиот љубовен живот и тоа цела втора половина од месецот. Добри вести на работа почнувајќи од 19-ти ден.

Риби: Добредојде, Сатурн!

Драги Риби, дали сте подготвени да ја пречекате планетата Сатурн во вашиот знак? Ова е навистина важен транзит, кој ќе значи трансформација и промена во позитивна смисла на вашето постоење. Меркур исто така ќе застане на ваша страна почнувајќи од 2-ри ден, а добрите вести нема да чекаат долго, особено на работното место. Среќа во љубовта во текот на втората половина од месецот.