среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Хороскопски знаци кои уживаат да ги озборуваат другите: Секогаш ќе ви зборуваат само „зад грб“

Хороскопски знаци кои уживаат да ги озборуваат другите: Секогаш ќе ви зборуваат само „зад грб“

Да бидеме реални, повеќето од нас во одредена мера сакаат да оговараат. Некои тоа го прават од забава, други за да им помине времето…но има и онакви кои буквално уживаат да шират гласини за другите.

Апсолутни шампиони во оваа дисциплина според хороскопскиот знак се…

БЛИЗНАЦИ

Близнаците никогаш нема да научат да стават фластер на устата. Тие се исклучително друштвени и постојано се опкружени со луѓе и логично е дека секогаш наидуваат на некој сочен трач.

Едноставно со својата добродушност и насмевка некако ги тераат луѓето да им раскажат нешто во доверба. Од тој момент во нивното тело се создава немир бидејќи сметаат дека информацијата е бескорисна ако не ја пуштат во етер. Дури и ако некој нивни пријател им каже нешто во доверба, Близнаците и понатаму не знаат да го држат јазикот меѓу заби.

Поради тоа, често знаат да изгубат пријател.

Близнаците не шират гласини со лоша намера туку за да ги фасцинираат останатите со својата сочна информација.

ДЕВИЦА

Девицата е вистинска алапача, иако воопшто не изгледа како таква. Таа е мудра пред се, па затоа грижливо ги собира информациите во својата глава каде ги обработува и ги складира бидејќи не се знае кога ќе и затребаат.

Разликата меѓу Девицата и Близнаците е во тоа што таа не бира личности за партија трач, туку тоа најчесто и се блиски луѓе кои потоа нејзиниот глас го шират надалеку.

Девицата често пати оговара бидејќи и е здодевно, па на тој начин со пренесување на туѓи пикантерии го надополнува своето празно време.

Девицата си се доживува како победник бидејќи прва била на трага на интригантна вест. Дали со тоа на некого ќе му наштети не и е многу важно и тогаш нејзината егоистична природа излегува на преден план.

ВОДОЛИЈА

Водилијата е енциклопедиски пример за тоа “јазикот е побрз од паметот“.

Иако себе си не се смета за оговарачка, помеѓу нејзиниот мозок и јазикот често се случува “краток спој“ и едноставно заборава да го задржи за себе она што го слушнала.

За жал тоа е така иако се смета за еден од најинтелигентните хороскопски знаци.

За Водолијата оговарањето е од забава, бидејќи е љубопитна по природа и секогаш сака да дознае нешто ново.

Во основа е добронамерна па дури и кога оговара води сметка да не му наштети на некого, освен ако субјектот на оговарање не го поднесува.

На Водолијата по правило не би требало да и е гајле што другите зборуваат позади нејзин грб, но кога ќе дознае дека некоја ја оговарал воопшто не и е пријатно.