Уште неколку дена пред почетокот на април, а според хороскопот, овој месец ќе биде особено среќен за еден хороскопски знак.
Станува збор за Вагата. Април е месец во кој Венера и Нептун ќе направат сè во корист на овој хороскопски знак. За некои Ваги тоа би можело да значи свадба, а оние кои веќе се во брак ќе донесат важни одлуки кои се однесуваат на нивната иднина.
Оние кои не се во врска ги очекува деловен успех, како и нови партнерства. Постои и можност за напредок во кариерата.
Во април многумина ќе се најдат пред предизвик да донесат нови важни одлуки кои ќе влијаат на остатокот од годината. Не мора да се плашите од погрешни избори, астролозите само советуваат добро да ја разгледате ситуацијата од сите агли.