Водолијата со своите ригидни верувања, преку кои понекогаш другите ги претставува како возвишени и продуховени, таа многу лукаво се позиционира во однос на нив.
Водолијата тоа го знае, а знаењето е моќ. Од друга страна, ѝ годи тоа што е потребна.
Таа се храни од сознанието дека другите ѝ се обраќаат нејзе за совет и помош. Се претставува како голем хуманист, но понекогаш има многу нарцисоидност во себе.
Им помага на другите за тие да ја зголемат својата љубов кон неа, а со тоа да го оправда своето постоење и да биде препозната во општеството како личност која е подобра од другите.