Астролошки гледано, метеорскиот дожд може да претставува неколку работи. Пред сè, тоа е космичка прашина, остатоци. Од наша перспектива, тие изгледаат како прекрасни светлосни ефекти на небото, но во реалноста тие се eден вид на бура, којашто се појавува поради распаѓање на комета.
За да го разбереме астролошкото значење на метеорскиот дожд, мора да го разбереме значењето на кометата. Кометите се состојат од мраз, прашина и гасови. Кога би барале симболика во неа, би можеле да кажеме дека кометите ги претставуваат нашите замрзнати емоции и колективни стравови кои излегуваат на површината, за да можеме да ги видиме и да ги излечиме. Сè што сме игнорирале или поттиснувале, повеќе нема да може да биде поттиснато.
Метеорскиот дожд ја симболизира убавината што се издига од пепелта. Метеорските дождови претставуваат духовни сознанија и мудрост стекнати со гледање длабоко во себе, себе си и нашиот свет. Тие исто така не повикуваат да создадеме нови идеи и верувања.
Метеорскиот дожд е време за инспирација и нови идеи кои ќе ви помогнат да живеете понаменски живот, да се ослободите од стравовите и самоуништувачките мисли.
Овој месец ќе бидеме сведоци на метеорскиот дожд Персеиди кој ќе се појави на небото на 10 и 11 август и ќе трае со различен интензитет до 1 септември.
Еве како максимално да ја искористите енергијата од метеорскиот дожд врз основа на вашиот хороскопски знак!
Земјени знаци (Јарец, Бик, Девица)
Овој метеорски дожд може да ви помогне да се дистанцирате од практичното и да се префрлите повеќе во доменот на идеите и соништата. Ќе можете да се вратите на земјата и да се фокусирате на тоа како да ги спроведете овие идеи во догледно време. Но, сега за сега, само бидете отворени за истражување на она што моментално ви е достапно. Тоа е и време за учење. Вашиот ум може да биде поотворен од вообичаено.
Воздушни знаци (Вага, Водолија, Близнаци)
За вас, овие метеорски дождови можат да ви помогнат да ги фокусирате вашите мисли. Можете да ги проверите работите од вашата листа со задачи и да продолжите со проектите што некогаш биле ставени на чекање. Може да добиете излив на енергија и импулс. Ова е време и за дружење и може да сретнете луѓе од минатото, кои одамна не сте ги виделе.
Огнени знаци (Овен, Лав, Стрелец)
Можеби ова е време да застанете и да размислите. Имате поттик за излегување, за дружење. Сепак, одвојте време за себе, бидејќи сте отворени за нови идеи или сознанија кои ви се наметнуваат. Може да го реализирате неискористениот потенцијал и да пронајдете нови начини да ја изразите вашата креативна енергија. Поминавте низ транзиција и сега е добро време да си дадете приоритет на себе!
Водени знаци (Рак, Шкорпија, Риби)
Емоциите кои биле потиснати или замрзнати може да почнат да се појавуваат во вас. Настаните во светот, како и сеќавањата од вашиот личен живот, би можеле да ве направат поемотивни. Бидете сочувствителни кон себе, но и кон другите. Ова е промена која ќе ви помогне да ја зајакнете вашата интуиција. Метеорскиот дожд може да ви помогне да се ослободите од некои од вашите стравови.