Некои од луѓето својата сродна душа ја бараат целиот свој живот, а на некои среќата им се насмевнува многу брзо.
Кога луѓето со хороскопски знак Бик и Шкорпија ќе се запознаат, меѓу нив се создава инстантна хемија.
Нивната компатибилност е посилна и поизразена од било која друга комбинација на хороскопски знаци.
Шкорпиите обожуваат што мора да се потрудат многу околу Биковите, а на Биковите секогаш им одговара вниманието кое што го добиваат од другите. Тие заеднички се насочени кон емоционална сигурност и блискост, а и двата знаци исто така зрачат со страст и љубов.
Шкорпиите се познати по својата снаодливости и реалност, а на Биковите тоа им одговара затоа што знаат дека во секоја ситуација можат да се потпрат на нив.
И Биковите и Шкорпиите се многу посветени и не им е тешко да се потрудат околу нивната врска, па дури и караниците и препреките на кои што наидуваат ги прават уште поблиски и поповрзани еден со друг.