сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

ОВИЕ мажи се најдобрите татковци

ОВИЕ мажи се најдобрите татковци

Ако вашиот партнер е роден во некој од овие хороскопски знаци, треба да бидете среќни. Тие се најдобрите татковци во Зодијакот.

Рак

За чувствителниот Рак семејството е секогаш на прво место. Дури и додека сте бремени, тој ќе биде со вас цело време, ќе ве гали и ќе се грижи за вас, ќе ви дава добри совети и нежно ќе ве гушка. Кога ќе дојде детето, тогаш започнува најубавиот период од неговиот живот. Тој секогаш ќе биде со вас и вашето потомство, можете да му верувате без никакви грижи.

Вага 

Мажите родени во знакот Вага се кул татковци на кои никогаш не им е досадно. Секогаш се подготвени за шеги и сакаат на забавен начин да им го покажат и објаснуваат светот на своите потомци. Но, колку и да се забавни, тие можат да бидат и многу сериозни. Со нивното истакнато чувство за правда, тие сакаат да ги воспитуваат децата во емоционално интелигентни и внимателни луѓе.

Лав 

Неговите деца се негова гордост. Тој едноставно ќе направи се’ што е во негова моќ да ги заштити. Не може да им одрече никаква желба и сака да ги разгалува. Тој сака да биде совршен татко, па веќе при раѓањето на детето ја знае целата литература за воспитување деца, напамет.