четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

ПРИСТИГНУВА ЗАТЕМНУВАЊЕ НА СОНЦЕТО И НИ НОСИ НЕВИДЕНИ ПРОМЕНИ: Најмногу влијание ќе има на овој хороскопски знак!

ПРИСТИГНУВА ЗАТЕМНУВАЊЕ НА СОНЦЕТО И НИ НОСИ НЕВИДЕНИ ПРОМЕНИ: Најмногу влијание ќе има на овој хороскопски знак!

На 30-ти април ни простигнува младата Месечина во знако на Бик и затемнување на сонцето кое е прво во оваа година. Планетата Уран е многу активна и ни носи изненадни случување кои служат како повик за будење. Сега е вистинското време да продолжиме напред.

Иако е ова само делумно затемнување на Сонцето, тоа е многу моќно и ни отвора неверојатни нови прилики и шанси. Доколку за нешто долго сте размислувале или планирале да започнете нов деловен „зафат“, сега е вистинско време да тргнете по тој пат и да го реализирате.

Затемнувањето има тенденција да донесе судбински случувања кои ни помагаат да дојдеме до следното поглавље од нашата духовна еволуција.

Овој астро феномен може да не изненади, но запомнете дека не става секогаш каде што треба да сме, дури и ако ни се чини да не е така. Овој период ги убрзува само работите кои неизбежно ќе се случат.

Планетата Уран која е доминатна во овој период е многу активна. Уран е познат по тоа што носи изненадувања и случувања кои изгледаат дека се појавуваат како „од ведро небо“. Неговата енергија е ветувачка за радикални промени од една состојба во друга.

Уран понекогаш може да биде малку шокантен во начинот на кој делувате, но целта му е да го промени животот на подобро. Сака да не ослободи од се што не „турка“ наназад за да можеме да продолжиме кон врвот.

Јупитер и Венера исто така ќе бидат во совршена хармонија за време на затемнувањето на Сонцето, а тоа ќе влијае и на нашите финансии. Добро време е да започнете нов бизнис, да се унапредите или да побарате покачување ако мислите дека го заслужувате тоа. Освен тоа, хармонијата на Јупитер и Венера ќе влијае на нашите емоции, па во наредниот период ќе се чувствуваме посмирени и помирни.

Фокусирајте ја целата своја енергија кон постигнување успех и постигнување на она за што долго сонувавте. Овој астро период ќе ви помогне полесно да го достигнете врвот или во крајна анализа ќе ви покаже дали одлуката што сте ја донеле е добра за вас. Ова затемнување на Сонцето позитивно ќе влијае на сите нас, но бидејќи се совпаѓа со младата Месечина во знакот Бик, најголемо влијание ќе почувствуваат родените во тој знак.