Познатиот руски астролог Тамара Глоба открила што би можеле да очекуваат хороскопските знаци во јуни, а особено издвоила еден од нив, кому ѕвездите нема да му бидат најнаклонети во првиот летен месец. Напротив, верува дека ќе се соочи со загуби и тешкотии, а станува збор за Стрелецот!
„Сè што може да се искомплицира кај овој знак, ќе се искомплицира. Нека се обиде да го преживее јуни со што помали последици“, рекла Тамара.
Претставниците на овој огнен знак од првите денови на јуни ќе бидат на раб на бездна. Според познатиот астролог, буквално еден погрешен чекор може да им донесе море проблеми. Се смета дека Стрелците се склони на лоши навики, а тоа особено ќе дојде до израз во јуни, па се советуваат што побрзо да се ослободат од нив или барем да почнат да работат на нивната промена.
Постои и ризик да останат без работа, додека кај некои постои можност да го изгубат и покривот над главата.
Исто така, ќе се соочат со финансиски проблеми, кои ќе им предизвикаат и нови непријатни ситуации во семејството. Здравјето значајно ќе им биде разнишано, па добро би било да му се посветат повеќе од вообичаено, а доколку е потребно, и да направат контролни прегледи кај својот лекар.
Тамара Глоба препорачува Стрелците да се приберат и да ги земат работите во свои раце за да се изборат со непријатностите што ги очекуваат, во спротивно, јуни ќе им биде исклучително тежок месец и би можел да им остави големи траги во блиска иднина.
„Бидете одлучни. Почнете да ги спроведувате вашите идеи. Имате шанси да надминете сè, но само трпеливо и полека. Следете ја вашата интуиција и одбегнувајте контакт со луѓе чија енергија не ви годи“, заклучува Глоба.