Ви ги носиме сите детали за ретроградниот Меркур во 2022 година и како ќе делува на хороскопските знаци.
Го имавме во јануари, но ќе мора да се соочиме со него и во мај и септември.
Планетата Меркур владее со информациите, комуникацијата и нашите интелектуални процеси. Затоа, неговата ретроградност делува токму на овие полиња од нашите животи -од темите за кои зборуваме до начинот на кој комуницираме, без разлика на хороскопските знаци. Секоја година Меркур прави три ретроградни циклуси. За време на овие периоди најчесто – освен недоразбирања и проблеми во комуникацијата – во вашите животи може повторно да се појават луѓе од минатото, како што се стари пријатели, отуѓени роднини и некоја поранешна незавршена работа.
Во 2022 година трите главни ретроградни фази на Меркур најмногу ќе ги погодат воздушните и земјените хороскопски знаци, барајќи од нив да ја прочистат комуникацијата и да посветат поголемо внимание на структурата на животот.
По јануарскиот ретрограден Меркур, следните периоди се:
10 мај – 3 јуни: Ретрограден Меркур во Близнаци / Бик
9 септември – 2 октомври: Ретрограден Меркур во Вага / Девица
И – 29 декември – 20 јануари 2023 година: Ретрограден Меркур во Јарец
ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ ДОДЕКА МЕРКУР Е РЕТРОГРАДЕН?
Бидејќи Меркур владее со комуникацијата, ова е време на недоразбирања, па затоа е попаметно да избегнувате важни разговори, договори, преговори, потпишување договори итн.
2. Меркур владее со транспортот и технологијата, па затоа не е добро време за купување автомобили, телефони, компјутери, бела техника и други уреди.
3. Не е добро време за започнување на нов бизнис. Не е добро време ниту за замена на комјутер, за отворање /затворање сметка во банка, за плаќање преку интернет.
4. Избегнувајте се што има врска со администрацијата. Тоа е моментот кога редовно ќе ви побараат уште еден документ, кога софтверот погрешно ќе ги „поврзе“ податоците без ничија вина.
5. Меркур владее и со трговијата, па дури и на тоа поле може да очекувате сплетки.
6. Со ретрограден Меркур не е време за објавување книги, е-книги или започнување работилници, проекти доколку сакате да траат и да имаат подолгорочна вредност.
7. Не менувајте ги шифрите.
8. Доколку можете да избегнете – не одете во централниот регистер, катастар или суд, не поднесувајте никакви барања и слично.
ПРЕДОЛГА ЛИСТА, НЕЛИ?
Но сепак има работи кои се пожелни да се прават со ретрограден Меркур.
Повторливи дејства кои ги сакаме и кои прават да „запре“ времето, во кои не размислуваме за ништо.
Размислувања за минатите грешки и нивно поправање.
Собирање добри идеи преку разговори, книги, дружење, медитација.
Слушање на совети од блиски.
Одмор и релаксација.
Пишување, креирање содржина, планирање, правење стратегија.
Повеќе престој во природа.